Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала облачност и со слаб до умерен јужен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 11 до 17 степени. Слично време не очекува и во Куманово со максимална дневна температура од 13 степени целзисови и сонќево до умерено облачно време. Ќе дува слаб југоистоичен ветер, а во вечерните часови ќе се зголеми облачноста и утре се можни слаби врнежи од дожд.
Во недела, а особено во понеделник на повеќе места ќе дува повремено засилен јужен ветер. Од понеделник попладне до вторник претпладне ќе има врнежи од дожд, кои на повеќе места се очекува да бидат пообилни, предупредуваат од УХМР.