Децата од 12 до 16 години од понеделник ќе можат да се вакцинираат и тоа само со вакцината од производителот Фајзер, најави министерот за здравство Венко Филипче.
Сепак, Филипче посочува дека ова не е задолжителна вакциниација и родителите сами треба да одлучат дали треба да дојдат на вакциналните пунктови со своите деца.
– Од понеделник ќе почне теренската вакцинација, но ќе се дозволи и вакцинација на деца од 12 до 16 години со вакцината на Фајзер, која во овој момент е единствена вакцина која е дозволено да се користи согласно препораките во внатрешното упатство за оваа категорија на деца“, објасни Филипче.
На пунктовите за вакцинација има и педијатри и родителите кои сакаат да ги вакцинираат своите деца не мора да закажуваат туку да исконтактираат со пунктовите.
– Единствена вакцина која е досега препорачана во внатрешното упатство за деца од 12 години е на Фајзер“, додаде министерот.
При теренската имунизација, која исто така почнува во понеделник, како што рече минситерот за здравство, ќе се користи вакцината Синовак бидејќи таа нема потреба да се раствора.
Никола Ивановски

