Од полноќ поскапуваат нафтените деривати

Сподели со своите пријатели

Од полноќ малопродажните цени на нафтените деривати ќе се зголемат, одлучи Регулаторната комисијата за енергетика денеска, и таа цена ќе остане во важност до понеделник.

Loading...

Еуросупер 95 поскапува за три, а дизелот и Eуросуперот 98 за 2,5 денари по литар.

Со новата цена Еуросупер 95 ќе изнесува 57,5 денари по литар. Еуросупер 98 ќе се продава за 59,5 денари по литар, додека ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава за 49,5 денари по литар.

Екстра лесното масло ќе се продава за 27,5 денари по литар, додека новата цена на мазутот е 23,427 денари по килограм.

Leave a Reply