Од полноќ поскапуваат горивата

Сподели со своите пријатели

Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат во просек за 2,09 отсто, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Loading...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари за литар, а на мазутот за 0,922 денари за килограм.

ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе чини 81,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава по 83,50 денари, дизелот ќе биде 70,50 денари, а екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) 69 денари за литар. Цената на мазутот М-1 НС ќе изнесува 40,526 денари за килограм.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  70 хектари изгореа во Стрновац, 15 хектари кај „Света Петка“ во Младо Нагоричане

Според РКЕ, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,803 отсто, кај дизелот за 2,996 кај екстра лесното масло за 2,977 и кај мазутот зголемувањето е за 2,913 проценти.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,122 отсто.