Од полноќ нови цени на нафтените деривати

Сподели со своите пријатели

Со најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од вторник (22 јули 2025 година) се воведуваат нови малопродажни цени на нафтените деривати. Просечното намалување изнесува 0,42 % во однос на цените што беа на сила од 14 јули.

Loading...

Според промените, цените на моторните бензини ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 денари по литар. Од друга страна, дизелот (ЕУРОДИЗЕЛ Д-Е V) и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат на исто ниво. Кај мазутот М-1 НС е регистрирано намалување од 0,314 денари по килограм, при што неговата нова цена изнесува 40,158 денари по килограм.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Одите на одмор? Внимавајте на овие казни! „Ситници“ кои можат да ве чинат до 2.000 евра!

Новите највисоки малопродажни цени, кои ќе важат од 00:01 часот на 22 јули, се следниве:

ЕУРОСУПЕР БС-95: 75,00 ден./лит.

ЕУРОСУПЕР БС-98: 77,00 ден./лит.

ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V): 71,50 ден./лит.

Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1): 71,00 ден./лит.

Мазут М-1 НС: 40,158 ден./кг

Loading...