Од полноќ нови цени на горивата

Сподели со своите пријатели

Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука со која од полноќ се зголемуваат малопродажните цени на горивата.

Loading...

Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), од ноќеска ќе поскапат за 1,50 денари по литар.

Според новите цени:

ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по 75,50 денари за литар,

ЕУРОСУПЕР БС-98 по 77,50 денари,

ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе чини 71,50 денари,

а ЕЛ-1 ќе се продава по 71,00 денар за литар.

Зголемување има и кај мазутот М-1 НС, чија нова цена изнесува 40,472 денари по килограм, што претставува раст од 1,063 денари.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сузбиена група шверцери на мигранти, Куманово дел од маршрутата (ВИДЕО)