Од полноќ нови цени на горивата

Сподели со своите пријатели

Од ноќеска на полноќ на сила ќе стапат нови цени на нафтените деривати низ бензинските станици во Македонија, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Loading...

Според одлуката, цената на ЕВРОСУПЕР 95 да се зголеми за 1 денар, и од утре ќе се продава по цена од 78 денари по литар. Се покачува и цената на ЕВРОСУПЕР 98 и од утре ќе се продава за 1,5 денари поскапо, односно ќе изнесува 80,5 денари по литар.

Поскапува и ЕВРОДИЗЕЛ кој од утре ќе се продава за 72,5 денари, или поскапо за 1,5 денари.

Се покачува и цената на Екстралесното масло за домаќинство за 1,5 денари, и според новата цена ќе се продава за 72 денари. Мазутот поевтинува за 0,1 денар и од утре ќе се продава по цена од 45,7 денари по килограм.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Отворен конкурсот за 7. издание на ФИЛМАЈ фестивалoт на кратoк филм