Од ноќеска, точно на полноќ, ќе стапат во сила нови, пониски цени на горивата. Според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, малопродажните цени на нафтените деривати ќе бидат коригирани со намалување од просечно 1,32 проценти во однос на цените што важеа од 21 јули 2025 година.
Анализите на светските берзи покажуваат дека референтните цени на нафтените деривати бележат надолна корекција. Цената на бензините е намалена во просек за 2,449 проценти, дизелот е поевтин за 1,961 проценти, екстра лесното масло за 1,301 проценти, додека кај мазутот е регистрирано намалување од 2,017 проценти.
Дополнително, влијание на пресметките има и промената на курсот на денарот во однос на американскиот долар, кој во последниот пресметковен период е понизок за 0,489 проценти.
Новите максимални малопродажни цени што ќе важат од 29 јули 2025 година, од 00:01 часот, се следните:
ЕУРОСУПЕР БС – 95: 74,00 денари за литар
ЕУРОСУПЕР БС – 98: 76,00 денари за литар
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 70,50 денари за литар
Екстра лесно масло (ЕЛ-1): 70,50 денари за литар
Мазут М-1 НС: 39,412 денари за килограм
Цената на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и БС-98, како и на дизел горивото, се намалува за 1,00 денар по литар.
За екстра лесното масло за домаќинство корекцијата изнесува 0,50 денари по литар, а кај мазутот намалувањето изнесува 0,746 денари по килограм, што значи дека новата цена ќе биде 39,412 денари/кг.
Ова е дел од редовното усогласување на цените во согласност со движењата на берзите и валутните курсеви.