Од полноќ нови цени на горивата

Сподели со своите пријатели

Од вечерва на полноќ стапуваат на сила нови, повисоки цени на горивата, согласно најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика.

Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се зголемува за 0,5 денари, па од утре ќе изнесува 73,5 денари за литар. Горивото ЕУРОСУПЕР 98+ исто така поскапува за 0,5 денари, при што новата цена ќе биде 75,5 денари за литар.

Кај ЕУРОДИЗЕЛ е утврдено зголемување од 1 денар, така што ќе се продава по 68 денари за литар.

Поскапување од 1 денар е забележано и кај екстра лесното масло за домаќинство, кое наместо по 66,5 денари, ќе се продава по 67,5 денари за литар.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Четири лица повредени, откако „БМВ“ излетало од патот Липково – Арачиново

Цената на мазутот останува иста, односно 36,1 денар по килограм.