Од полноќ нови цени на горивата

Сподели со своите пријатели

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад усвои нова одлука со која се врши корекција на малопродажните цени на нафтените деривати.

Loading...

Просечното зголемување изнесува 0,64 проценти во однос на претходната одлука донесена на 18 август 2025 година.

Според измените, цената на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1 денар по литар, додека дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапуваат за 0,50 денари по литар. Од друга страна, цената на мазутот М-1 НС е намалена за 0,378 денари по килограм и сега изнесува 38,265 денари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ограбена црква во куманвоско Љубдраг

Новите максимални малопродажни цени, кои стапуваат во сила на 26 август 2025 година од 00:01 часот, се следниве:

ЕУРОСУПЕР БС-95: 75,00 ден/л

ЕУРОСУПЕР БС-98: 77,00 ден/л

ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 68,00 ден/л

Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1): 67,50 ден/л

Loading...

Мазут М-1 НС: 38,265 ден/кг