Од полноќ нови цени на горивата

Сподели со своите пријатели

Од ноќеска на полноќ стапуваат на сила нови цени на нафтените деривати, според одлуката која денеска ја донесе Регулаторната комисија за енергетика.

Loading...

Просечната промена изнесува зголемување од 0,24 проценти во однос на цените што беа утврдени на 28 јули.

Кај бензините е регистрирано зголемување на цените, додека кај дизелот и екстра лесното масло има намалување. Според новата одлука, максималните малопродажни цени се следни:

ЕУРОСУПЕР БС – 95: 75,00 денари за литар

ЕУРОСУПЕР БС – 98: 77,00 денари за литар

ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 69,50 денари за литар

Екстра лесно масло (ЕЛ-1): 69,50 денари за литар

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ОЈО Куманово ги бара снимките од Спортската сала, полицијата повикува лица на разговор

Мазут М-1 НС: 39,945 денари за килограм

Loading...

Цената на бензините е зголемена за еден денар по литар, додека дизелот и екстра лесното масло се поевтини за еден денар. Кај мазутот е регистрирано покачување од 0,533 денари по килограм.

Во најновата корекција е вклучено и движењето на референтните цени на светските берзи, каде бензините бележат зголемување од над 2%, а дизелот и екстра лесното масло имаат намалување од над 3%. Паралелно, курсот на денарот во однос на доларот се зголемил за нешто повеќе од еден процент.

Овие цени претставуваат највисоки дозволени вредности. Трговците имаат право да ги формираат своите малопродажни цени и пониско од утврдените максимуми.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  1.077 казни напиша полицијата низ Македонија викендов