Од полноќ нови цени на дел од горивата

Сподели со своите пријатели

Од ноќеска на полноќ ќе стапат во сила новите цени на нафтените деривати што ги утврди Регулаторната комисија за енергетика.

Loading...

Според последната одлука, просечното зголемување изнесува 0,36 проценти во однос на цените кои важат од 25 август.

Најновите пресметки покажуваат дека на светските берзи референтните цени бележат пораст: кај бензините за 0,529 проценти, кај дизелот за 1,366 проценти, кај екстра лесното масло за 1,033 проценти, а кај мазутот за 0,152 проценти. Дополнително, курсот на доларот во однос на денарот е зголемен за 0,2583 проценти.

Со важност од 2 септември 2025 година, максималните малопродажни цени ќе бидат следни:

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Максим Димитриевски: ЗНАМ е движење на младите – тие се иднината на Македонија

ЕУРОСУПЕР БС-95 – 75,00 ден/л

ЕУРОСУПЕР БС-98 – 77,00 ден/л

ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 68,50 ден/л

Екстра лесно масло за горење (ЕЛ-1) – 68,00 ден/л

Loading...

Мазут М-1 НС – 38,393 ден/кг

Бензините остануваат на исто ниво, додека дизелот и екстра лесното масло поскапуваат за 0,50 денари по литар. Кај мазутот е забележан пораст од 0,128 денари и новата цена изнесува 38,393 денари за килограм.