Од полноќ нови цени на дел од горивата

Сподели со своите пријатели

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,93 % во однос на одлуката од 2.6.2025 година.

Loading...

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар, во споредба со претходната пресметка, се зголемени во просек: кај бензините за 1,833 %, кај дизелот за 3,057 %, кај екстра лесното масло за 3,388 %, а кај мазутот за 3,088 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во периодот од претходната пресметка е понизок за 0,5243 %.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец паднал од четирицикл. Пренесен на скопските клиники

Од 10.6.2025 година, од 00:01 часот, максималните малопродажни цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС–95: 74,50 денари/литар

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС–98: 76,50 денари/литар

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 66,00 денари/литар

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1): 68,50 денари/литар

Loading...

Мазут М-1 НС: 38,486 денари/килограм

Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС–95 и ЕУРОСУПЕР БС–98 остануваат непроменети.

Цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемени за 1,00 денар/литар.

Цената на мазутот М-1 НС е зголемена за 0,624 денари/килограм и изнесува 38,486 денари/килограм.

РКЕ напоменува дека овие се максимални цени што ќе важат од 10.6.2025 година од 00:01 часот. Трговците можат да ги формираат цените и пониско од утврдените максимални.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЗНАМ Куманово организира крводарителска акција