Од полноќ нови цени на дел од горивата

Сподели со своите пријатели

Од вечерва на полноќ дизелот ќе биде поскап за 0,5 денари по литар, додека цената на бензините останува непроменета, информира Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ).

Со оваа корекција просечното зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати изнесува 0,26 проценти во однос на претходната одлука.

Според новите цени, литар ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе чини 69,5 денари. Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 остануваат со истата цена — 75,5 денари за БС-95 и 77,5 денари за БС-98. Исто така, непроменета останува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), која изнесува 69 денари за литар.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тројца повредени, откако мотор удри во пензионер во Куманово

Во однос на мазутот М-1 НС, неговата малопродажна цена е зголемена за 0,207 денари по килограм и сега изнесува 36,947 денари.

Од РКЕ дополнуваат дека на светските берзи кај бензините е забележано просечно намалување од 0,368 проценти, додека кај другите деривати има раст — дизелот е поскап за 2,18 проценти, екстра лесното масло за 1,481 проценти, а мазутот за 1,689 проценти.

Курсот на денарот во однос на американскиот долар, врз основа на кој е направена пресметката, е понизок за 0,6675 проценти.