Skip to content

Од полноќ нова цена на нафтените деривати

Сподели со своите пријатели

За три денари ќе се намали малопродажната цена на бензините, додека цената на дизелот ќе остане непроменета, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Така според новите цени Еуросупер  БС – 95 ќе изнесува 55,00 денари за литар, додека малопродажната цена на Еуросупер БС  98 ќе изнесува 57,00 денари за литар. Еуродизелот и во наредните 14 дена ќе се продава по 41 денар за литар, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за половина денар и ќе изнесува 30,00 ден/литар, додека на мазутот 14,673 денари за килограм.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.

Loading...

 

Услови за преземање содржини

Надворешните линкови преку маркетинг платформата MGID се одговорност на самиот огласувач, и порталот Кумановски Муабети не сноси никаква одговорност за пласираните информации.