Повеќето Французи, 57 проценти добиле на тежина од почетокот на мерките за ограничување на движењето на 17 март и сега тежат во просек 2,5 кг повеќе поради недостаток на движење и постојано грицкање, според истражувањето на Институтот Ифоп за веб-страницата Darwin Nutrition.
Според оваа студија, 56 проценти од мажите и 58 проценти од жените добиле на тежина, мажите за 2,7 килограми во просек и жените за 2,3 килограми.
Како работата од дома влијае на вашето тело?
Најпогодени се невработените и нискоквалификуваните, се наведува во истражувањето, додавајќи дека луѓето во парови и со деца повеќе „напредувале“ од самците.
Поради ограниченото движење, 42% од испитаниците рекле дека се напнати и имаа жестоки дискусии со партнерот за споделување на подготовка на оброк, а 41% рекоа дека се расправаат околу менито.
Меѓу паровите, претежно жените подготвуваат оброци: 71 процент од француските парови пријавиле дека подготвиле најмногу оброци од мерките за ограничување и само 21 процент од паровите учествуваат повеќе во подготовката на оброкот отколку пред воведувањето на оброкот.
Пет совети како да бидете здрави и сити
Меѓу испитаниците, 42 проценти поминуваат повеќе време да подготвуваат оброци и исто толку пијат аперитиви.
Кога ќе се укинат мерките, повеќе од половина од анкетираните (56 проценти) имаат намера да јадат поздраво, додека само 18 проценти планираат диета.
Ова истражување на Институтот Ифоп било спроведено online од 24 до 27 април 2020 година на репрезентативен примерок од 3.045 возрасни лица кои живеат во Париз.