Ноќва во раните утрински часови со поместува на стрелките на часовникот од три на два часот по полноќ започнува зимското сметање на времето.
Согласно Законот за сметање на времето летното сметање на времето годинава завршува на 30 октомври во 3 часот, така што со поместување за еден час наназад времето во 3 часот се смета за 2 часот.
Вообичаено е часовниците да се поместуваат еден час нанапред на пролет, а да се враќаат еден час наназад на есен. Овој систем е предложен во 1905 г. од Вилијам Вилет, а првпат бил широко применет во 1916 г. како военовременска мерка насочена кон заштеда на јаглен. И покрај несогласувањата, многу земји го користат овој систем.
Loading...