Од непознато момче побаралa превоз: „6 месеци подоцна сè уште не ми се верува колку имам среќа“

Сподели со своите пријатели

Една Британка неодамна објави видео на својот ТикТок во кое ја прикажа својата романтична и необична љубовна приказна. Во краток дел кој собра над 600.000 прегледи, Џез Кук вели дека побарала од момче од група на Фејсбук пред шест месеци да ја вози од Саутемптон во јужна Англија до Велс, патување кое вообичаено трае пет часа и на кое, како што вели, не се осмелила сама да се качи.

Во нејзиното видео на ТикТок на @jazzzcoook, таа ги покажа и првите пораки што двајцата си ги размениле, на кои може да се види како од неа бара превоз и му нуди да му ги надомести трошоците за бензин, а тој со ентузијазам ја прифаќа понудата.

 

 

– Еј, го добив твојот број за разговор. Гледам дека возиш од Саутемптон… дали е можно да одам со тебе?… Едноставно не ми е удобно да возам толку далеку… – пишува таа, а тој веднаш и одговорил : „Здраво Јасмин! Да, секако дека можеш, би било убаво да имаш друштво!“

Патувањето очигледно поминало добро затоа што следните фотографии кои двајцата ги објавиле како пар

– Живот на работ… – напишала во описот и објаснила дека од членовите на групата на Фејсбук дознала дека момчето е добро и и препорачале да влезе во автомобил.

„Имаше само два можни исходи од ова. Љубов или убиство. Честитки!