Некои луѓе сакаат да патуваат, но не сами, туку со животните кои ги кријат во своите патни торби или понекогаш дури и во долна облека. Овој пат на аеродром во Индија еден патник се обидел да криумчари младенче од леопард кое се наоѓало во пластична корпа за купување.
Патникот кој летал од Тајланд во градот Ченај во Индија приведен е на аеродромот откако царинарницте во неговиот багаж пронашле едномесечно младенче од леопард.
Сомнежите дека во торбата има живо суштество се јавила кога царинарниците слушнале бучава која доаѓала од неговата торба. На нивно изненадување во неа понашле младенче од еден килограм кое се наоѓало ни помалку ни повеќе туку во пластична ќеса за купување.
– Животното беше во состојба на шок и изгледаше слабо, рекле аеродромските власти.
На снимките се гледа како луѓето се грижат за младенчето и му даваат млеко од шише.
По проценката од ветеринар, животното е однесено во Зоолошка градина во Ченај, каде ќе биде згрижено, јавува индиската NDTV.
Властите истражуваат дали 45-годишниот маж кој се обидел да пренесе младенче од леопард дел од меѓународен круг на криумчари, пренесува ВВС.