Од најлоша, Белгија сега е деветта најдобра земја по број на заразени од Ковид-19

Сподели со своите пријатели

Пред само еден месец Белгија заедно со Чешка беше земјата со најголема стапка на заразени од Ковид-19 на сто илјади жители, по строгите рестриктивни мерки земјата успеа драстично да ја подобри состојба, јави дописничката на МИА од Брисел.

Loading...

Со 315 случаи по сто илјади жители во последните две недели Белгија успеа да воведе повторно контрола врз ширењето на коронавирусот, кое до пред еден месец уриваше рекорди во Европа.

Според Европскиот центар за контрола на болести, Белгија е сега меѓу десетте европски земји со најдобра слика во однос на бројот на заразени по сто илјади жители. Прва е Исланд, следуваат Ирска, Финска, Норвешка и Грција во првите пет.

Најлоша е состојбата во Луксембург со 1.218 случаи на сто илјади жители.

Во последните месец дена Белгија воведе строги рестриктивни мерки, односно целосно „заклучување“ со затворање на сите продавници што не се неопходни, сите кафулиња, ресторани, музеи и други места каде се собираат масовно луѓе.

Премиерот Александар Де Кро потврди дека состојбата се подобрува и дека владата се подготвува на постепено олабавување на мерките во наредните денови. Од денеска повторно отвораат музеите, базените и некои продавници.

Тања Милевска, Брисел

Leave a Reply