Од монарх до трансексуалец – Растел во манастир и на 16 години решил да го промени животот (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Длабоко во себе, Марико отсекогаш знаела дека е жена заробена во тело на маж. Во детството често ја облекувала гардеробата на својата мајка и се шминкала, што не наидувало на одобрение во контроверзното семејство со тибетантско потекло. Дури и како будистички монах, ставала балсам за усни и ефтина шминка на лицето.

Loading...
https://www.instagram.com/p/BsFvj34nKA9/?utm_source=ig_embed

– Другите монаси ме нарекуваа „ани“ (тибетанскиз бор за зборот калуѓерка). Ми беше сеедно. Сакав шминка и наоѓав безброј чудни причини да се оправдам затоа што ја користам, открива Марико за „Базфид Индија“.

Објавувањето на снимка на која игра на венчавка на пријател, со женска перика и шминка предизвикало голем скандал меѓу Тибетанците во нејзината родна Дарамсала (Индија). Ја навредувале и понижувале. Со оглед дека била тибетански будистички монах, ја осудувале поради „непристојно однесување“.

https://www.instagram.com/p/Btx-Z7DH_OU/?utm_source=ig_embed

– За свадбата облеков фустан, обувки со високи потпетици и ставив перика. Во тоа време се уште бев монах. Кога се нашминкав и погледнав во огледало, помислив дека изгледа многу убаво. Сфатив дека сакам да живеам онака како што се чуствувам, вели Марико.

Набргу потоа, во 2014 година, се размонашила.

Марико е родена како момче по име Тензин Уген, во селото Бир, во индиската држава Химачал Прадеш. Имала 16 години кога го напуштила Институтот Тергар во Катманду (Непал), каде ја испратиле да учи за монах, и се вратила кај родителите во Дарамсалу.

https://www.instagram.com/p/BfXwgvygnks/?utm_source=ig_embed

Семејството, кое не било за промената на полот, на крајот сепак ја прафатило каква што е.

Вљубената во танцот, шминката и модата, настапува ширум Индија, обично во населбни каде живеат Тибетанци. Завршила курс за шминкери во Њу Делхи и се надева дека еден ден ќе развие бизнис во модната индустрија. Во биографијат ана Инстаграм се претставува како мејкап уметничка и танчерка. Нејзиниот препознатлив стил е забележан на секоја фотографија, а нејзин заштитен знак се сјајните усни.

Loading...
https://www.instagram.com/p/Bp9S62EnkpD/?utm_source=ig_embed

Марико вели дека не зема хормони, туку дека природата и дала женски одлики.

Кога се кандидирала за Мис Тибет во 2015 година, станала позната како првата трансродна жена во регионот.

https://www.instagram.com/p/BGKabteoWbv/?utm_source=ig_embed

– Добро е да се знае дека си прва трансродна личност. Не поради тоа што станав позната, туку затоа што мојот мал чекор ќе им олесни на другите трансродни лица да се декларираат. Секој човек треба да живее автентично за да добро се чувствува во својата кожа, вели Марико.

Leave a Reply