Од Куманово започнува новото поглавје за македонската кошарка (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Македонската кошаркарска репрезентација утре ќе се соочи со селекцијата на Романија во натпревар од претквалификациите за Светското првенство, кој ќе се одигра во новоотворената Спортска сала во Куманово со почеток од 20:00 часот.

Loading...

Атмосферата во таборот е позитивна, тимот е подмладен, а амбициите – јасни: да се даде максимум и да се воспостави силна врска со публиката.

Селекторот Марјан Илиевски посочи дека во репрезентацијата веќе се чувствува нова енергија и дека играчите се подготвени да го дадат својот максимум.

– Играчи коишто во моментот се присутни во репрезентација се играчи коишто навистина со гордост ќе го носат дресот во утрешниот натпревар. Она коешто го прикажуваат во овој период е една сосема нова енергија, којашто верувам дека и пред самата јавност и преполна сала… ќе го дадат својот максимум. Тој императив којшто го носат играчи коишто носат промени после подолг временски период ќе го прикажат на терените – младост, енергија, желба за победа, рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  20-годишен кумановец тешко повреден откако паднал од мотор

 

 

Романската селекција, според анализите на стручниот штаб, настапува без интернационалци, но останува сериозен противник.

Loading...

„Екипа којашто е составена од искусни играчи, којашто преовладува со физикалија. Во моментот треба да обрнеме внимание на високите позиции, каде што нивниот систем на игра е под кошевите. Ќе дадеме малку повеќе фокус на играчите кои имаат големо искуство. Со почит спрема противникот, меѓутоа секогаш ќе се фокусираме на она што е наша цел и задача“, изјави Илиевски.

 

 

Покрај селекторот, подготвеноста ја истакна и репрезентативецот Адем Мекиќ, кој вели дека оваа генерација е гладна за успех.

– Нова слика, нова репрезентација – млада репрезентација, желна за докажување, гладна за успех, со за жал малку помалку искуство, меѓутоа мислам дека тоа може да се надомести со сите оние работи кои веќе ги набројав, рече тој.

 

Loading...

 

Мекиќ упати апел до публиката за поддршка:

– Би ја замолил публиката да не поддржи, да биде трпелива со оваа репрезентација… Сигурен сум дека секој еден во тимот ќе даде максимум, без нималку љубомора или завист, и дека ќе го бодри секој соиграч. Искрено сум пресреќен што сум дел од оваа млада репрезентација, изјави репрезентативецот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен арачиновец во Куманово, превезувал огревно дрво без документација

За репрезентативецот Џејкоб Вајли, ова е чест и можност. И покрај тоа што тимот е подмладен, тој потенцира дека духот е силен:

– Чест е да се биде дел од националниот тим и да ѝ помогнам на земјата… Очекувањата се да играме со максимална енергија и не сме премногу загрижени – барем за мене – поентирањето, туку натпреварувањето и да го покажеме нивото на кое треба да играме, рече тој.

 

 

Loading...

Потпретседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Младен Ѓуроски, ја нагласи важноста на овој натпревар, не само како спортски дуел, туку и како симболичен почеток на нова ера.

– Ова е едно ново поглавје во македонската кошарка. Целата репрезентација е подмладена и би ве замолил, како медиуми, да бидете трпеливи. Резултатите нема да изостанат во иднина. Селекторот и момците имаат целосна поддршка, изјави Ѓуроски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Како до билет за утрешниот натпревар Македонија - Романија? (ВИДЕО)

Натпреварот се поклопува и со свеченото отворање на новата Спортска сала во Куманово.

– Се надевам дека ќе биде празник на кошарката. Очекувам полна сала… Сите се поканети да присуствуваат со надеж дека ќе направиме спектакл“, додаде Ѓуроски.

 

Loading...

 

Публиката утре ќе има можност бесплатно да присуствува на натпреварот, но местата се ограничени поради стандардите на ФИБА. Билетите се делат со приложување лична карта, по принципот „прв дојден – прв услужен“, на билетарата под западниот дел од салата.

Македонската репрезентација утре ќе има потреба не само од спортски успех, туку и од полни трибини, гласна поддршка. Како што порача селекторот Илиевски:

„Би бил благодарен во мое име, на стручниот штаб и на играчите, да ни дадат максимална поддршка, да бидат шести играч. Очекувам дека ќе бидат во најголема бројка присутни на натпреварот и дека заедно ќе растеме во ова ново репрезентативно поглавје.“

Никола Ивановски

Loading...