Министерството за надворешни работи на Индија денес објави дека повеќе од 1.000 индиски државјани се депортирани или вратени од Соединетите Американски Држави од јануари.
Loading...
Портпаролот на министерството, Рандхир Џаисвал, изјави дека околу 62 проценти од нив се вратиле со комерцијални летови, без да даде други детали, објави Би-Би-Си.
Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп започна кампања против нелегалните мигранти, како и дека Индија ќе „го стори правилното“ кога станува збор за депортација на нелегални мигранти.