Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос тоа дека се најавени зголемувања на платите во образованието и кога би можело да се очекува тоа, изјави:
„Од денеска ќе имаме зголемување на платите во образованието, што е дел од оној колективен договор којшто го имаме за нови 7,5%. Или што би се рекло, ако почнеме од ноември месец 2024, до сега, еве до денеска, над 20% за година и половина се зголемени платите на вработените во образованието, откако оваа Влада е избрана.“

