Од денеска за прв пат дизелот е поскап од бензинот

Сподели со своите пријатели

Малопродажните цени на нафтените деривати од денеска ќе се продаваат по нови, уште повисоки и рекордни цени, а за прв пат дизелот го престигна бензинот во однос на цената.

Така од денеска бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,00 денари/литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 денари/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,404 денар/килограм и сега ќе изнесува 60,569 ден/кг.

Од 11.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 93,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 95,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 97,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 92,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 60,569 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 11.3.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.