Од денеска во функција се 14 пунктови за тестирање во целата земја за земање брисеви за тестирање на коронавирусот, вели министерот за здравство Венко Филипче.
– Тие се веќе објавени на Мој термин и ги ставаме сите 1.200 матични лекари во функција кои ќе се вклучат во процесот на дијагноза. Секој еден пациент може да се јави на својот матичен лекар ќе ги каже симптомите или епидемиолошка анкета, согласно податоците, матичниот лекар има електронски алгоритам дали е потребно тестирање или не и ако треба кој е степенот на итност, согласно тоа ќе се закаже термин за земање брис на еден од 14 пунктови или во тука на клиниката во Скопје, изјави министерот.
Согласно итноста матичниот лекар закажува термин, потоа ќе бидат земени брисеви и испитани и граѓаните ќе бидат известени за резултатите од тестот, дали е позитивен или негативен и ќе се заземе став за натамошно лекување, во клиника или во домашни услови, а во комуниакција со матичните лекари и сестра и доктор од Клиниката за инфективни болести.
Никола Ивановски