Од денеска посебен режим на сообраќај во Скопје

Сподели со своите пријатели

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од денеска (02.02.2023, четврток) од 18.00 часот, поради најавениот настан за организирано чествување на раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев на 04.02.2023 (сабота) во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Loading...

– Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземе засилени активности и мерки за подигнување на безбедноста околу местото на одржување на настанот, при што ќе се преземат мерки за посебен режим на сообраќајот, информираат од МВР.

Притоа, од денеска за сообраќај ќе биде затворена ул.„Самоилова“, на потегот од ул.„Иљо Војвода“ (виадукт Самоилова) до крстосницата со ул.„Прохор Пчински“, а на 04.02.2023 година (сабота) посебен режим на сообраќај ќе се спроведе на ул.„Лазар Личеновски“ и ул.„Самоилова“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 20.000 казни напишала полицијата во мај

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.