ОД ДЕНЕСКА НОВИ КАЗНИ: Не преминувајте пешачки со телефон и слушалки

Сподели со своите пријатели

Со стапување во сила на новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот, од денес важат построги правила за учесниците во сообраќајот.

Минувањето со мобилен телефон во рака тротинет повеќе не се смета за „ситница“, туку за прекршок што се санкционира.

За пешак што ќе преминува на пешачки премин со телефон во рака или со слушалки на уво е предвидена глоба од 40 евра.

Казната за управување тротинет, мотор или трактор со употреба на електронски уред изнесува 50 евра.

Во законот е наведено дека пешаците се должни да се движат внимателно и без користење уреди што можат да го одвлечат вниманието при преминување коловоз или велосипедска патека.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лабудовиќ: Со добра организација и добар тим за четири години Центар ќе биде подобро место за живеење

Од почетокот на следната година ќе се воведат и дополнителни построги мерки за возачите.

За минување на црвено светло или непрописно паркирање, казните ќе се евидентираат преку камерите од проектот „Сејф сити“.

Никола Ивановски