Од денеска камерите „ќе ловат“ сообраќајни прекршоци низ Куманово

Сподели со своите пријатели

Министерството за внатрешни работи започнува со имплементација на проектот „Безбеден град“, преку кој мрежата на „Safe City“ камери поставени на клучни сообраќајници во Куманово, Скопје и Тетово, ќе бележи различни видови сообраќајни прекршоци.

Системот автоматски ќе ги идентификува нерегуларностите и ќе испраќа известувања до возачите што ги сториле.

До крајот на годината, предвиден е тест-период во кој прекршителите ќе добиваат само предупредувања, додека санкциите ќе започнат да важат од почетокот на следната година.

Со оваа технологија ќе се следи пребрзо возење, преминување на семафор на црвено светло, неправилно престројување, истечена важност на сообраќајната дозвола, како и непрописно паркирање.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Комбинација од сонце и дожд

Во наредната фаза од проектот предвидено е системот да препознава и дополнителни типови сообраќајни прекршоци.

Никола Ивановски