Од денеска е забрането да се изнесуваат девизи од Русија во износ од над 10 илјади долари

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин вчера донесе нов указ со кој се бара да се обезбеди финансиска стабилност на земјата поради санкциите воведени од западните земји.

Loading...

Путин го потпиша документот „За дополнителни привремени мерки од економска природа за обезбедување на финансиската стабилност на Руската Федерација“, а се вели дека мерките се насочени кон одбрана на националните интереси на Русија.

Една од воведените мерки се однесува на посебна постапка за трансакции со хартии од вредност, недвижен имот и заеми на странски лица.

„Поставени се ограничувања за странски лица поврзани со држави кои вршат непријателски дејствија против Руската Федерација и нејзините граѓани. Новите мерки се однесуваат на трансакции и операции кои на таквите странски лица им обезбедуваат заеми и кредити во рубли, како и трансакции кои вклучуваат создавање на имот над хартии од вредност и недвижен имот“, наведува новинската агенција ТАСС.

Сепак, една од најважните мерки за обезбедување стабилност на економијата е забраната за „извоз на готовина“ од Руската Федерација.

„Од 2 март забранет е извоз на девизи од Руската Федерација во странска валута во износ над 10.000 американски долари, што се пресметува според официјалниот курс на Централната банка на Русија“, стои во документот. потпишан од Владимир Путин.