Кумановските пензионери со ниски пензии од денеска користат бесплатен градски превоз, соопштија денеска надлежните од здружението на пензионери Куманово. Одлуката ја донесе советот на општината.
– Вкупно 400 пензионери од 1 ноември, односно од денеска, користат бесплатен градски превоз. Благодарни сме на поддршката која ја добивме од локалната власт и која ќе помогне за ублажување на последиците на економско-енергетската криза за нашите членови кои имаат пензија до 13.000 денари, изјави претседателот на здружението, Благе Јакимовски.
Пензионерите поднесуваа барања со последен чек од пензија и документ за идентификација. Картите се изработени и поделени.И претходно во 2020 година околу 400 кумановски пензионери користеа бесплатен превоз.
Здружението има околу 14.000 членови.
МИА