Туристите повеќе нема да можат бесплатно да ја посетат познатата Фонтана Треви во Рим, објавуваат италијанските медиуми.
Билетот чини две евра и може да се купи преку интернет.
Жителите на Рим се ослободени од плаќање и ќе мора да покажат лична карта.
Пристапот до фонтаната во центарот на „Вечниот град“ е можен од понеделник до петок помеѓу 11:30 и 22 часот, а за време на викендите од 9 до 22 часот.
Парите ќе одат за одржување на споменикот
Билетите се воведуваат по едногодишен пробен период, од декември 2024 до декември 2025 година, во кој повеќе од десет милиони луѓе ја посетиле фонтаната, односно околу 30.000 дневно, а некои денови и до 70.000.
Со оваа мерка, градските власти сакаат да ги намалат толпите и да им овозможат на посетителите целосно да го доживеат еден од најпознатите споменици во градот, кој сега ќе биде подобро одржуван со собраните пари, пишуваат медиумите.

