Од денес граѓаните ќе може да се капат во затворениот градски базен

Сподели со своите пријатели

Од денес Затворениот градски базен во Куманово е отворен за граѓаните кои ќе сакаат да се рекреираат во пливање, ова денес го соопшти градоначалникот на Општина Куманово Зоран Дамјановски.

Градскиот базен до сега беше отворен само за потребите на програмата за училиштен спорт и спортските пивачки клубови, но од денес сите заинтересирани ќе можат да уживаат во спортот на вода.

Ја користам приликата да ја информирам јавноста дека од денеска започнува продажбата на карти за базенот за граѓаните до сега работеше само со програма за училишниот спорт и спортските клубови  бидејќи примопредавањето од општината на јавното претпр Чистота и Зеленило траеше еден месец додека не се услогласат сите законски и под законски акти и се она што е потребно за нормално функционирање. Од денеска ги повикувам сите граѓани кои се љубители на пливачкиот спорт имаат отворена можност од 8 до 22 часот работно време мислам дека сите оние што деновиве очекуваа да се вклучат во рекреативно пливање тоа од денеска може да го направат – изјави Дамјановски.

Билетот ќе лини 100 денари, а со затворениот базен стопанисува Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“.

По добвивање на сите дозволи и фискални каси и се она што е потребно за законско работење на јп по завршување на примопредавањето од страна на комисиите кои беа формирани од општина куманово и јп чистота и зеленило од денеска имаат можност и граѓаните да се рекрираат на градскиот базен со тоа што работно време е од 8 до 22 часот и на самиот базен е истакнато времето во кое можат да координираат граѓаните да се капат, бидејќи она што е основна програма за училиштата каде што има фиксирано од колку до колу се основните и средните а во другите се клубовите и граѓаните – иазјави Сашо Петрушевски, директор на ЈП „Чистота и зеленило“.

Сите оние кои ќе сакаат континуирано да се занимаваат со пливање можат да купат и неделен и месечен билет на билетарата на самиот базен.

 

Loading...