Од денес благ пораст на дневните и утринските температури

Сподели со своите пријатели

Според информациите на порталот за временска прогноза метеопро.мк, денеска не очекува слично време како што имавме и во изминатиот период, односно сончево и стабилно.

Loading...

Важно да се напомене е дека утринските температури ќе имаат благ пораст, но заедно со нив ќе се изкачува и вредноста на дневниот максимум.

Наутро повторно се очеуква минимална температура околу 1°С низ поголем дел од котлините, околу 4°С во гевгелиско-дојранскиот крај и околу 1°С во охридско-преспанскиот регион.

Дневниот максимум ќе има вредност од 16°С до 18°С во нејголем дел од местата низ земјава, дури и на повисоките места, а во гевгелиско-дојранскиот околу 21°С .

Во Куманово денеска не очекува сончево и тивко време, со утринска температура еден степен под нулата, а максимална дневна до 16 степени целзиусови.

Слично време се очекува и за наредните денови, кога утринските температури веќе ќе започнуваат да растат и да бидат над нулата.