Од денес 3 денари попуст на сите бензински на ОКТА

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали е договорено намалување на цената на горивата со ОКТА, изјави:

„Да во текот на вчерашниот ден, министерката за енергетика, минерални суровини и рударство имаше разговор до генералниот директор на ОКТА и дополнително имаме уште еден денар. Така што денеска ќе имаме, од денеска практично 3 денари попуст на сите оние бензински станици коишто се комитенти на ОКТА. Така што од овие цени коишто се максимални, коишто ги утврди вчера Регулаторната комисија за енергетика, имаме 3 денари попуст, со што ќе дојдеме до заклучок дека ги имаме апсолутно најниските горива во Европа во овој момент, цени на горива.“

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дополнително го намаливме ДДВ за горивата од 18 на 10%

На прашањето дали се размислува Македонија да го ограничи купувањето на горивата со оглед на најавите на земји од регионот дека ќе ограничуваат купување на горива, а забележано е и дека граѓани од државите од околната купуваат гориво од кај нас, премиерот Мицкоски рече:

„Во овој момент состојбата е следна. Имаме апсолутно доволно количини за потребите на граѓаните, зголемен е конзумот во одредени погранични области, со Албанија, на север со Косово и Србија и на југ со Грција. Отприлика зголемен е вкупниот конзум за 10%, бидејќи голем дел од граѓаните од овие земји доаѓаат кај нас и точат гориво на бензинските пумпи кај нас, поради тоа што цената на горивата кај нас е во некои случаи и до половина евроценти по литар, поевтина од таа кај нив. За разлика од минатото кога, како земја коленичевме и молевме за помош, сега сме ние тие коишто генерираат стабилност и даваат помош. Сакам да кажам дека и нафтоводот е во целосна функција, односно цевката е полна, којашто претставува дополнителна сигурност, складовите се полни согласно закон, државните резерви се околу шеесетина дена, така што во овој момент, апсолутно нема никаква потреба од таква мерка. И не само со дизел горивата и со бензините безоловни со 95 и 98 октани, информиран сум дека и дел од околните аеродроми се снабдуваат со керозин од ОКТА, односно од кај нас. Така што од земја којашто, ќе повторам коленичеше и молеше, стануваме земја којашто генерира стабилност во регионот, се разбира предизвици има и ќе има. И тие предизвици ние ќе ги решаваме. Но она коешто е најважно и ни е приоритет, а тоа е дека како држава имаме најниска цена за горивата за нашите граѓани и најниска цена за горивата за бизнисот.“

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дополнително го намаливме ДДВ за горивата од 18 на 10%