Од цигарите не се слабее

Сподели со своите пријатели

Многу луѓе мислат дека пушењето го намалува апетитот, но истражувањето покажа дека младите пушачки всушност натрупувaaт тежина три пати повеќе од непушачи, објави  “Дејли Меил”.

Истражувањето открива дека младите женипушат, за да ја контролираат својата тежина, но нема претходни студии, кои истражуваат дали пушачите качуваат помалку килограми.

Loading...

Научниците во Орегонскиот истражувачки институт набљудувале 400 млади жени во текот на две години. Пушачките се здебелиле доста повеќе од непушачите, ако се зема предвид тежината на жените пред почетокот на студијата, наследната дебелина и други фактори. Пушачките биле подебели со 2.9 кг, а непушачите само со 0,9 кг.

Според зборовите на научниците, резултатите го побиле сфаќањето дека пушењето е ефикасна стратегија за регулирање на тежината, но го покренуваат прашањето зошто пушачите се дебелеат повеќе.