Компанијата Venus Aerospace од Хјустон (Тексас, САД) ги обезбеди потребните инвестиции и најавува развој на хиперсоничен авион Stargaz.
Станува збор за футуристичко вселенско летало, дизајнирано да развива брзини 11.000 км/ч и да го покрие растојанието од Америка до Јапонија за 60 минути.
Тамошните инженери најпрво развија нова генерација на млазен мотор со нулта емисија, кој беше тестиран во хиперсонични тунели и сега претставува дизајн на авиони.
Компанијата не објави детални спецификации, освен што има иновативен дизајн и напреден систем за ладење, со можност за полетување/слетување од било кој космодром во светот.
Сè додека леталото не биде оперативно, Venus Aerospace е фокусирано на развој на хиперсоничен дрон со слични способности. Ќе се користи за детално тестирање, почнувајќи од 2023 година.
Со оглед на тоа колку е направено во изминатите две години, не би било чудно ако Stargaze наскоро се издигне меѓу облаците.