Израелските сили денеска интензивно го бомбардираа Појасот Газа, каде, според Хамас, од почетокот на новите конфликти загинале речиси 10.000 луѓе.
Според Хамас, кој е на власт во Појасот Газа, загинаа повеќе од 200 луѓе во ноќните напади на северот на палестинската територија и во градот Газа.
Копнените борби не стивнуваат и покрај итните повици за хуманитарен прекин на огнот.
Израелската армија утринава повторно апелираше до цивилите да го напуштат северот на Појасот Газа, кој е цел на одмазда за крвавиот напад на палестинското исламистичко движење на 7 октомври врз Израел.
Портпаролот на израелската армија изјави дека војниците кои дејствуваат во Газа ја пресечеле територијата на два дела – јужна и северна Газа.
Најжестоки борби се водат на северот, каде според израелските информации се наоѓа „центарот“ на Хамас.