21-годишната Американка Криста во своето видео на TikTok се пожали дека поради тоа што е толку млада, а веќе е мајка на три деца со четврто на пат, постојано наидува на непријатни и злобни коментари.
Криста рече дека од 2018 година е бремена секоја година, па во последните три години ги родила своите три деца, а за два месеци го очекува четвртото.
Иако со сопругот се грижи за нивните деца повеќе од шест години и со него во својот дом, Криста вели дека нејзината бременост честопати злонамерно се коментира на интернет, па една тиктокерка неодамна ѝ рекла дека „не треба да се гордее да биде бремена во 21 година по четврти пат“.
– Без разлика на троловите, многу сум возбудена поради доаѓањето на моето „Божиќно бебе“! – сподели младата мајка во своето видео и се осврна на оние кои пишуваат дека на 21 година веројатно нема со што да ги прехрани своите деца, и дека секако добива парична помош од социјална помош, пренесува The Sun.
– Нема помош, нивниот татко има одлична работа, а јас сум дома со моите деца со мој избор – рече таа, а меѓу негативните коментари и осуди имаше неколку позитивни реакции од жените кои и порачаа на Кристи дека може да се гордее со себе.
– Имате прекрасно семејство, не знам зошто сите ги осудуваат оние кои на млади години решаваат да имаат деца – напишала една жена, а друга дека го чека четвртото дете на 22 години.
– Не се замарај со „тролови“! – ѝ рече корисник и искрено честита за бебето.
@christacelialike it’s a CHRISTMAS BABY🥺im so excited. #fyp #christmasbaby #TargetHalloween #youngmom #29weekspregnant