Од 20 години почнала со филери и ботокс: „Имам само 25 години и не личам на себе…“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Со притисокот на сеприсутниот маркетинг на индустријата за убавина и социјалните мрежи полни со „испеглани“ убавици, се повеќе млади жени во потрага по „совршен“ изглед се одлучуваат за различни естетски процедури кои започнуваат порано …

На ова неодамна во ТикТок се пожали 25-годишната Американка Кајли, која на 20-годишна возраст почнала да и вбризгува филери на лицето, а сега, само пет години подоцна, изгледа речиси непрепознатливо.

Во нејзиното видео на ТикТок на профилот @ZMLPVGWFR, Кајли покажа како изгледала порано и како изгледа по пет години инјектирање дермални филери; а разликата е неверојатна.

-Имам 25 години, а изгледам како да имам барем 35, надуена и чудна – се пожалила таа. – Естетските хирурзи и индустријата за убавина не се грижат за вашата возраст и дали ви треба нешто или не; тие само ги сакаат вашите пари дури и ако тоа значи дека ќе ви го уништат изгледот – рекла таа.

Никој, вели таа, не ја предупредил кога ја барала процедурата дека е премлада, па веќе имала ботокс под кожата во раните 20-ти. „Зошто толку млада…“ се прашуваше една девојка, тешејќи ја дека сè уште изгледа добро… „Ништо од тоа не ти требаше толку рано; не ни почнуваме да старееме до 25 години – коментира друг, додавајќи дека на таа возраст се уште се навикнуваме на изгледот на нашето лице, објави The Sun.

 

@nunyabyznis I look 10 years older and so puffy and weird looking. #filler #botox #transformation #pillowface ♬ som original – duda