Дел од заклучоците на Владата кои беа донесени во изминатиот период во однос на спречување на ширењето на коронавирусот ќе престанат да важат веќе од први јуни.
Одлуката денеска ја донесе Владата на РСМ, а на прес конференција ја соопшти премиерот Оливер Спасовски.
Од први јуни 2020 година ќе престанат да важат заклучоците на Владата со кои различни категории вработени се ослободени од различни основи од редовно и тековно извршување на работни активности, упатување за работа од дома, патување за работа кон Скопје, организирање на работа со ротации и други мерки. Оваа одлука ќе биде со соодветен протокол, дејствување на работно место кое се однесува на просторни услови, физично растојание, носење лична заштитна опрема итн. Ова нема да важи за хронично болните, отспака од оваа одлука ќе има и за родители на деца до 10 години или деца на претшколска возраст за кои ќе се чека одлуката за работа на градинките, изјави Спасовски.
ПОВРЗАНО:
- Филипче: Ќе мора да научиме да живееме со вирусот
- Од четврток се отвораат угостителските објекти
- ОФИЦИЈАЛНО: Од утре нема полициски час!
Се укинува и задолжителниот државен карантин за сите државјани кои се враќаат со хуманитарни летови или конвои. Наместо тоа ќе треба да одат во домашна самоизолација, но под услов при влез во државата да приложат PCR тест направен во последните 72 часа пред влегувањето во Македонија.
– Од денеска сите лица кои се спроведени во објекти за државен карантин на свој трошок можат да направат PCR тест и ако имаат негативен резултат да бидат упатени на домашна изоалција. На предлог на МНР во соработка со Комисијата има протокол за странски дипломати во земјата и членови на нивните семејства, ако приложат медицинска потврда за негативен тест, направен последните 72 часа ќе можат непречено и тековно да ја извршуваат својата работа, изјави Спасовски.
Комисијата за заразни болести треба да изготви проценка за отворање на границите и да се подготват протоколи за влез и излез од Македонија.
Воедно Комисијата ќе треба да изготви и протокол за работа на хотелите.
Никола Ивановски