Од 1 април нова стратегија за ковид тестирање во Австрија

Сподели со своите пријатели

Австрија од 1 април ќе ја промени стратегијата за тестирање на корона вирусот и оттогаш секој граѓанин ќе има можност да се тестира пет пати со PCR тест и пет пати со антиген тест бесплатно.

Loading...

Во моментов постои широка стратегија за тестирање, која им овозможува на граѓаните секојдневно да се тестираат, доколку сакаат, со бесплатно PCR или антигенско тестирање.

Министерот за здравство Јоханес Рауч рече дека од почетокот на пандемијата се потрошени три милијарди евра за тестирање на граѓаните.

„Тестови допрва ќе има, на кој ќе му треба бесплатен тест ќе добие“, подвлече тој.

Така, на пример, луѓето во домовите за стари лица ќе имаат можност почесто да се тестираат.

 

Европа: Ковид бројките растат во Германија, повеќе од 58.000 во Австрија

 

Loading...

За детално следење на епидемиолошката состојба, најави, ќе се врши мониторинг на отпадните води преку кој ќе се мери присуството на вирусот кај населението.

Исто така, од 1 април, според одлуката на Министерството за здравство, ќе се промени правилото за карантин.

Така, лицата кои биле во контакт со заболените, а биле целосно вакцинирани, од април ќе можат да одат на работа и пазарење, но не и на ресторани, забави, настани.

Не мора да бидат ставени во карантин и лицата кои не се целосно вакцинирани или кои не се вакцинирани, но ќе мора да носат маска на работа и при пазарење, но им е забрането и одржување настани и одење во угостителски објекти.

Со олеснување на мерката карантин, Рауч сака да го спречи заканувачкиот недостиг на персонал поради болест, односно карантин.

Во училиштата останува на сила сегашниот режим на тестирање, кој предвидува два до три тестирања на ученици неделно.

Градоначалникот на Виена Мајкл Лудвиг ги критикуваше промените во стратегијата за тестирање против корона вирусот.

Тој посочи дека Виена ќе го продолжи својот конзистентен пат и дека нема да ги повторува грешките, што ги прави федералната влада.

Loading...

Тој најави дека виенските власти, кои сакаат да го задржат сегашниот систем за тестирање, ја разгледуваат можноста да спроведат сопствени мерки и во оваа област.