Очигледно се работи за добро организирана група, вели Тошковски за инцидентите во Куманово

Сподели со своите пријатели

Добро организирана група стои зад инцидентите од Куманово кога беа запалени автомобили и фотокопирница, се сомнева министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Loading...

Сепак не окти повеќе детали, оти како што вели, случајот е се уште во фаза на предистрага.

– За случајот во Скопје можеме да се сомневаме дали децава предизвикале случајно или некој соодветно ги мотивирал, но во вториот случај со палењето на возилата станува збор за добро организирана група, изјави министерот Тошковски.

Toj рече дека во овој момент не би сакал да претпоставува зошто во инцидентот се опожарени возила и објекти на функционери на ДУИ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановка го натепала синот, па со остар предмет се заканувала на сопругот

– Имаше претпоставки кои беа споделени во јавноста од различни страни. Можеби станува збор за неиспорачани фактури од минатото, можеби станува збор за подгревање на тензиите, можеби станува збор за сосема трети причини. Моментално мислам дека не би било соодветно да говорам зашто сме во фаза на предизстрага, рече Тошковски.

За инцидентите со сквернавање на државното знаме, палење на албанското, но и сквернавење државни симболи на Србија, како што посочи првиот полицаец, досега се приведени 18 лица, од кои четири се во притвор.

Никола Ивановски