Обработени скоро сите гласови: ЗНАМ со уште еден пратеник

Сподели со своите пријатели

Според последните преработени податоци од Државната изборна комисија, ВМРО-ДПМНЕ загуби еден пратеник, а ЗНАМ се изедначи со Левица.

Loading...

Првичните проценки велат дека во новиот парламентарен состав ВМРО-ДПМНЕ ќе влезе со 58 пратеници, коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ со 19, СДСМ со еден помалку, односно 18 пратеници. 13 мандати засега има коалицијата „Вреди“.

Левица и Движење ЗНАМ – За наша Македонија на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски се изедначија со по шест пратеници.

 

 

Симулациите се темелат на 99 отсто обработени гласови.

Така, последните податоци на ДИК велат дека ВМРО-ДПМНЕ имаат 431.251 глас или 43,23 отсто, „Коалицијата за европска иднина“ предводена од СДСМ – 153.250 гласови (15,36 отсто), „Европски фронт“ на чело со ДУИ – 137.486 (13,78%), коалицијата „Вреди“ – 106.991 (10,72%), Левица има 67.338 гласа (6,75%), а Движење ЗНАМ – За наша Македонија 55.539 (5,57%).

Loading...

Никола Ивановски