Државната изборна комисија во текот на ноќта ги обработила сите гласови од вчерашниот прв круг на претседателски избори.
Според нивните податоци официјално во Куманово победник е Максим Димитриевски, кандидат на ЗНАМ – За наша Македонија.
Димитриевски освоил 30,16 отсто од гласовите, односно 14.286 гласови.
Втора е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова која освоила 11.982 гласови или 25,29 отсто од вкупниот број гласови.
Трет е кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски со 7.399 гласови (15,62 отсто), а со 6.203 гласови (13,09%) како четвртопласиран е Бујар Османи од ДУИ.
Арбен Таравари од албанската опозиција освоил 9,13 отсто од гласовите или вкупно 4.325 гласови.
Кандиадтката на Левица, Билјана Ванковска освоила 3,83 отсто од гласовите или 1.814 гласови.
Последен со само 238 гласови (0,5%) е кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.
На вчерашните избори во Куманово на гласање излегле 47.372 гласачи или 50,66 отсто од вкупниот број гласачи чиј број изнесува 93.508.
Бројот на неважечки ливчиња изнесува 1.125.
На три места вчера во Куманово не се гласаше, а ДИК дополнително треба да одлучи дали таму ќе има прегласување или не.
Никола Ивановски