Обработени сите гласови: Димитриевски останува градоначалник на Куманово

Сподели со своите пријатели

Максим Димитриевски освои трет мандат на чело на најголемата општина во Македонија, откако денеска освои повеќе гласови на вториот круг од локалните избори.

 

 

Државната изборна комисија официјално обработи 99,83 отсто од гласовите, според кои половина односно точно 50 отсто отишле за кандидатот на Движење ЗНАМ – За наша Македонија Максим Димитриевски.

Во бројки Димитриевски освоил 16.748 гласови.

 

 

Неговиот противкандидат, независниот Горан Стојковски Диро, освои 46,07 отсто, односно вкупно 15.433 гласови.

Правото на глас денеска на изборите во Куманово го оствариле 33.497 граѓани од вкупно 94.041 лица со право на глас, односно излезноста била 35,68 отсто.

 

 

Неважечки биле 1.317 ливчиња.

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски