Обожавате јагоди? Еве зошто се одлични за нашето здравје

Сподели со своите пријатели

Сезоната на јагоди е во полн ек, но трае кратко време, па зошто да не уживаме во нив?

Loading...

Покрај тоа што се многу вкусни, јагодите се едни од најздравите намирници што можете да ги јадете, пренесува Real Simple. Тие се полни со витамини и имаат многу позитивни ефекти врз нашето здравје.

Кафе и лимон против главоболка, мачнина, болки во желудникот и дијареја

Еве зошто сите јагоди се добри за нас:

Една доза јагоди содржи повеќе витамин Ц од било кое цитрусно овошје.

„Една лажичка јагоди содржи 85 милиграми витамин Ц. Тоа е 140 проценти повеќе витамини од препорачаната дневна доза и повеќе отколку што добивате од еден портокал“, рече нутриционистот Џена Лавардера.

„Витаминот Ц е антиоксиданс кој ги штити клетките од оштетување, игра важна улога во имунолошкиот систем, му помага на организмот да апсорбира железо и помага во создавање на колаген“. Покрај сите витамини и минерали кои се наоѓаат во јагодите, тие се исто така полни со фитохемикалии, како што се антоцијани, елагитанини и кверцетин, вели Лавардера.

Едноставен трик со кој јагодите ќе останат свежи подолго време

Loading...

„Сите овие супстанции ги нарекуваме антиоксиданти и им даваат можност на јагодите да помогнат во борбата против инфекции, рак, дијабетес и да го подобрат здравјето на мозокот“, открива Лавардера.

Јагодите се исто така полни со растителни влакна, што е клучно за добро здравје на желудникот, го регулираат шеќерот во крвта и одржуваат нормално ниво на холестерол.

Само една чаша со јагоди содржи три грама диетални влакна.

Leave a Reply