Авионскиот превоз на патници меѓу Либија и Италија по десет години е повторно воспоставен, а Абдул-Хамид Дбејба, премиерот на една од двете ривалски влади во Либија, е превезен од Рим во Триполи.
Loading...
Италијанската влада неодамна се согласи да ја укине забраната за цивилен сообраќај меѓу Италија и Либија.
„Од Рим до Триполи, Италијански Ервејс, ИТА“, напиша Дбејба на Твитер, приложувајќи слика од авионската карта за чартер летот АЗ894.
Авионот полетал од аеродромот Фиумичино во близина на Рим, и слетал на аеродромот Митига – единствениот што оперира во околината на Триполи.