Обнова на подовите во ОУ „Христијан Тодоровски Карпош“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во кумановското основно училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ почна обновата на подови на пет училиници. Повикот за понуди за реконструкција на подовите беше објавен кон крајот на јуни годинава.

Loading...

Директорката на училиштето, Лидија Костиќ, информраше дека Советот на Општината ја увидел потребата од реализација на проектот  и со поддршка на градоначалникот одлучиле да бидат доделени 600.000 денари за реконструкција на подовите во пет училници.

 

 

– Со обновата на подовите во голема мера ќе се подобрат условите за работа во училиштето, рече Костиќ.

Проектот првин беше презентиран на форумските сесии во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети”, чија цел беше воведување и оспособување на тимовите за содржини за изработка на квалитетни проекти. Советниците уште тогаш најавија дека ќе се обидат да поддржат проекти во кои е опфатена и социјалната димнезија.

 

Loading...

 

ОУ „Христијан Тодоровски Карпош“ во Куманово е меѓу најголемите училишта во државата, каде што настава следат околу 1200 ученици.

МИА

Leave a Reply