Обљуба вчера бил извршена врз малолетно девојче од липковско, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Loading...
– На 01.07.2022 во 04.00 часот во СВР Куманово, 55-годишен жител на село од општина Липково пријавил дека едно лице извршило обљуба врз неговата малолетна ќерка, стои во соопштението на кумановската полиција.
Поради заштита на идентитетот на жртвата полицијата не соопштува повеќе детали.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски